Општи правила и услови

Општи правила и услови на Grabashop.



Општи правила и услови

Со користењето на нашата страна вие се согласувате и ги прифаќате условите и правата кои се во сопственост на Грабит. Грабит нема одговорност доколку корисниците не ги прочитаат општите правила и услови. Секое копирање на содржината како и делови од неа без согласност на Грабит е забрането.



Начин на испорака

Грабашоп поддржува два начини на испорака на адреса и од место, но доколку имате потреба постои можност да додадете и друг начин на испорака.



Политика на приватност

Веб сајтот користи информации и ваши податоци исклучиво со ваша согласност наменети за ваши цели и услуги. Вашите лични податоци ги користиме во согласнот со законите и прописите и нема да ги објавуваме или да ги даваме во корист на трети лица.



Старосна граница

Интернет продавницата Грабашоп не е наменета за користење на малолетни лица. Договор за користење на грабашоп може да направат полнолетни лица со навршени 18 години.



Интелектуална сопственост

Називот “Грабашоп“ (Grabashop) е трговско име на Грабит ДООЕЛ Прилеп и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од Грабит. Грабит ДООЕЛ Прилеп ги задржува сите права кои произлегуваат од трговското име “Грабашоп“. Целата содржина на веб страната, вклучувајќи и текст, графика, фотографии, илустрации и софтвер е во сопственост на Грабит. Оваа содржина е заштитена со авторски права и други права на интелектуална сопственост. Копирање, преработка, складирање или друга обработка не е дозволена. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели.
Оваа правна порака се однесува за сите посетители, клиенти, не-клиенти, партнери и препродавачи на “Грабашоп“ сервисите и услугите. Со пристапување на овој веб-сајт, вие се согласувате со следниве термини и услови. Ако не се согласуваатe со ова, нематe право, ниту лиценца за пристап до овој веб-сајт.
Грабит ќе се залага за достапност на оваа интернет страница 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Грабит, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап. Сите податоци и информации објавени на интернет страната на “Грабашоп“ се од информативен карактер и за истите Грабит го задржува правото за промена (без претходна најава)во зависност од условите и потребите, но сите промени или дополнувања ќе бидат јавно објавени на нашата веб страница заедно со датумот на последната извршена промена.
Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на Грабит е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволената за било каква злоупотреба на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на “Грабашоп“.



Колачиња

Грабашоп користи "колачиња" збир на информации кои една интернет страна ги поставува на вашиот компјутер.Ние ги користиме "колачињата" за снимање на информации за регистрација и персонализација. Доколку не сакате да ги прифатите вашиот прелистувач сигурно има опција за нивно одбивање, но во тој случај страната нема да функционира правилно и дел од содржините нема да се прикажуваат.



Услови за користење
  1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање.
  2. Услугите на “Грабашоп“ не смеат да се искористуваат за нелегална трговија – продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, оружје и др.
  3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони.
  4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен.
  5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на “Грабашоп“.
  6. Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на “Грабашоп“, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на “Грабашоп“ или пак надлежни лица од Владини институции.
  7. “Грабашоп“ го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.
  8. Клиентите на “Грабашоп“ се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема “Грабашоп“.