Цени

Креирајте ја Вашата продавница според Вашите желби и потреби



Модули кои може да ги купите на Grabashop

Основен пакет 990 денари



features


Grabashop е комплетно решение кое нуди се што Ви е потребно за да го водите Вашиот бизнис на едно место.
Потребни се само неколку минути и Вие ќе ја имате Вашата веб продавница online, спремна за користење и правење нарачки. За разлика од останатите webshop платформи, со Grabashop Вие можете да ги изберете и платите само модулите кои што Вие ги сакате и Ви се потребни.
Подолу следува листа од модули кое се вклучени во основниот пакет.



Product

Производ

Модул за управување со производи
Овој модул Ви овозможува на брз и едноставен начин да додадете нови производи на Вашата веб продавница. Опцијата за додавање на детален опис за производот ќе Ви помогне да ги запознаете купувачите со карактеристиките на Вашите производи, а опцијата да додадете повеќе слики за ист производ да го привлечете нивното внимание и интерес да го купат производот.

Модулот ви овозможува промена на информациите за веќе постоечки производ (цена, слики), бришење производи, детален преглед и имортирање.

Category

Категорија

Брзиот начин на живеење ги спречува купувачите да го трошат нивното време за барање на посакуваниот производ.
Денес купувачите немаат многу време да пребаруваат во Вашата продавница.
Овој модул ќе ви овозможи да ги подредите производите во главни категории и подкатегории до трето ниво, со што купувачите ќе можат брзо и лесно да ги пронајдат производите за кои се заинтересирани.

Menu

Мени

Темплејтите имаат две менија(главно мени и футер).
Со користење на овој модул ќе можете да изберете што ќе се прикажува во нив.
Статичката страна вклучена како опција во главното мени ќе има даде на корисниците можност да ги запознаете со Вашиот бизнис со користење на краток текст за вашата област.
Опцијата за додавање на новости е одлична можност да ги информирате своите корисници за сите важни настани кои се случиле или ќе се случат во вашата компанија, да најавите нови производи, нова колекција, да промовирате содржини и многу други опции во зависност од Вашата имагинација. Футерот е мени кое се наоѓа во подножјето на интернет продавницата, каде што можете да наведете информации за контакт, и да ја поврзете вашата интернет продавница со социјалните мрежи како (фејсбук, твитер и др.).

Media

Медиа

Корисниците имаат можност да ги користат предностите на Грабашоп и нејзината голема библиотека за слики. Прикачувањето на слики директно на Вашата страна е брзо и лесно со модулот за управување со слики.

Contact

Контакт

Модул со кој ќе можете да остварите правилна интеракција со Вашите купувачи.
Покрај основните информации за вашиот бизнис како што се локација, контакт телефони, емаил адреси има опција за поставување и прикажување на мапа која ќе им овозможи на купувачите полесно и побрзо да ја пронајдат Вашата позиција, да дојдат да ве посетат како и да купат од вас.
Модулот исто така овозможува комуникација со Вашите купувачи преку контакт формата за нивните прашања, сугестии, критики или пофалби.

Страница за новости

News

1.299,00 ден.

Модул кој ќе ви овозможи да ги информиратe Вашите купувачи за сите новости на вашата компанија.
Исто така секојдневно може да објавувате информации за нов производ, намалена цена на производ, попуст, нови колекции, најава за наградна игра и многу други новости и информации кои мислите дека заслужуваат да бидат објавени.

Дополнителни страници

Static

99,00 ден.

Со помош на дополнителните страни можете да ги запознаете корисниците со Вашиот бизнис и Вашиот бренд.
Секој купувач кога купува производ сака да ја знае добро продавницата од која купува, специјални услови на купување, типови на достава, услови за враќање на производ, искуства на други купувачи итн.

Кошничка

Cart

99,00 ден.

Основата на секоја интернет продавница е кошничката преку која се прават нарачките.
Дозволете им на купувачите на брз и лесен начин да ги изберат и порачаат Вашите производи во било кое време а со тоа и да ја зголемите продажбата.

Грабашоп обезбедува сигурно, безбедно решение за вашиот сајт за интернет трговија. Модулот кошничка ви овозможува прифаќање на кредитни/дебитни картички со интегрирани начини на плаќање, како и плаќање преку фактура/трансакциона сметка, притоа запазувајќи ја приватноста на купувачате и не ги зачувува податоците од кредитните картички со кои се врши купувањето.

За да ги користите истите треба да поседувате или да отворите банкарска сметка во некоја од наведените банки: УНИ банка, Халкбанкa, Стопанска банка, Комерцијална банка или Тутунска банка.

Корисник

User

99,00 ден.

Модулот корисник се однесува на регистрација при купување.
Со овој модул веќе регистрираните корисници не треба повторно да внесуваат наново податоци, можат да се регистрираат само со внесување на корисничко име и лозинка.

Колекција

Collection

999,00 ден.

Модулот колекција Ви овозможува да ги групирате производите во зависнот од нивните заеднички карактеристики.
Покрај категоризирањето, можете да направите групи на производи. На пример најпопуларни производи, нови производи,производи со најниски цени итн. во зависност од Вашите потреби.

Пребарување

Search

99,00 ден.

Пребарувањето е многу корсина алатка со која купувачите на брз и лесен начин ќе ги пронајдат продуктите кој им се потребни.
Со оваа алатка ќе има можност за пребарување со избор на филтри: пребарување низ производи, филтрирање според име, бренд, категорија или цена. Доколку мислите дека некои филтри не Ви се потребни има можност за нивно исклучување или комбинирање во зависност од Вашите потреби.

Начини на пребарување: со користење на паметни зборови или цел текст.
Релевантни резултати од пребарувањето се појавуваат дури и кога текстот не е целосно точен.

Оценување

Review

999,00 ден.

Со овој модул купувачите ќе ги оценуваат Вашите производи. Во онлајн продажбата клучна улога имаат оценките, коментарите, и искуствата на купувачите.

Јазик

Language

1.499,00 ден.

Секоја компанија која сака да има успешна продажба и на меѓународен пазар мора да биде поврзана со купувачите. Потребно е направи успешна комуникација со различни заедници и култури.
Можноста избор на јазик при користење на интернет продавницата има многу важна улога при пренесувањето на информациите. Подобро ќе ги разберат Вашите производи и услуги и ќе станат потенцијални купувачи. Тоа ќе ви овозможи да ја зголемите и проширите продажбата.

Сподели

Share

99,00 ден.

Маркетингот и рекламирањето имаат единствена цел да ги презентираат Вашите производи и да испратат порака до повеќе потенцијални клиенти и купувачи.

Милиони корисници ги користат социјалните мрежи секојдневно.

Потенцијалните купувачи не можат да го купат Вашиот производ доколку не знаат за Вас и Вашите производи.

Со користењето на копчињата за споделување ќе ја промовирате својата интернет продавница на социјалните мрежи а со тоа ќе овозможите да стекнете нови потенцијални купувачи и да ги запознаете со Вашите производи.

Со користењето на копчињата за споделување на Вашата страна се зголемува веројатноста за пренесување на Вашата содржина пред нова и поширока публика.
Едноставно кога некој корисник ќе сподели некој Ваш производ или услуга на својата социјална мрежа овозможува тоа да го видат и другите корисници од истата социјална мрежа. Тие пак тоа ќе го споделат со други корисници од други социјални мрежи итн... со што можностите се неограничени и ова е важен начин за подобрување на видливоста на брендот во социјалните мрежи а со тоа и да стекнете нови потенцијални купувачи и да ги запознаете со Вашите производи.

Банер

Banner

99,00 ден.

Банерот на вашата интернет продавница всушност претставува што и излогот за физичката продавница.
Дали купувачот ќе влезе да купи или само ќе помине во голема мера зависи од тоа.
Банерот привлекува внимание, го зголемува интересот за производите и желбата за купување.
Бројот и изгледот на банерот може да го прилагодите според вашите желби и потреби.
Преку банерот може да објавувате нови производи, попусти, промоции, наградни игри итн.
Банерот може да претставува конкретен производ од Вашата понуда или слика со линк кој води то конкретниот производ.
Можете да го направите банерот да го привлече секој купувач да не може да одолее на понудата.

Попуст

Discount

999,00 ден.

Нудењето на попусти во продажбата може да биде маркетингшка стратегија која ќе има витално значење за вашта интернет продавница. Попустите можат да бидат генерирани и исто така можете да наведете датуми за кои се валиднии и на кои производи или колекции попустот да биде доделен.

Мапа на сајтот

Sitemap

99,00 ден.

Мапите на сајтот се лесен начин за администраторите на веб сајтови да ги информираат пребарувачите како Google, Yahoo, Bing... итн. за страниците кои се достапни за индексирање. Мапа на сајтот е XML датотека со листа од URL-а од сајтот заедно со дополнителни податоци за URL-ата, кои што помагаат во процесот енџините за пребарување поинтелигентно да ја индексираат содржината на сајтот.

Варијација

Variation

999,00 ден.

Модулот овозможува додавање на повеќе различни варијации на еден производ. На пример иста блуза со различни бои и големини, различна цена за секоја форма на производот како и зачувување на количината при секоја измена.

Feed

Feed

Вклучен модул

МК опис за модулот - Извори

Експорт

Export

99,00 ден.

Модулот овозможува експортирање на податоците за производите од системот во TXT и CSV формат.