Прашања и одговори

Тука можете да ги пронајдете најчесто поставуваните прашања.



Тука можете да ги пронајдете најчесто поставуваните прашања. Доколку не можете да го најдете одговорот на Вашето прашање, Ве молиме контактирајте не, ќе ни биде задоволство да Ви помогниме.

Креирање на продавница

 

Колку време е потребно за отварање на интернет продавница?

-Просецот за отварање на интернет продавница е едноставен, во неколку чекори и се завршува за неколку минути. Се што треба да направите е да ја потполните формата за креирање на продавница, односно да го внесете името на продавницата, урл адреса (domain), емаил и лозинка за да пристапите до Вашиот профил.

 

Како да отворам интернет продавница, која е постапката?

-Постапката за креирање на продавница се состои од два едноставни чекори (креирање и потврдување). Првиот чекор е да кликнете на следниот линк: http://www.grabashop.com/account и следете ги инструкциите на страната.
Потребно е да ја потполните формата за креирање на продавница, односно да го внесете името на продавницата, урл адреса (domain), емаил и лозинка за да пристапите до Вашиот профил. Доколку при креирање на продавницата, изберете некој од дополнителните модули, добивате дополнителен попуст. За да продолжите кон следниот чекор, избирате 'Креирај продавница', со што ќе добиете емаил за потврдување на интернет продавницата на Вашата емаил адреса.
Вториот чекор што треба да го направите е да се најавите на Вашата емаил адреса и да ги следите упатствата во емаил пораката, односно да кликните на линкот за потврдување, со што ќе го комплетирате процесот на креирање на продавницата.

Откако ќе заврши процесот на креирање на продавницата, потребно е да се најавите во административниот панел на продавницата со внесување на името на Вашиот домејн пр. http://demo.grabashop.com/admin и да започнете со управување со Вашата интернет продавница.

 

Дали треба да платам за да креирам продавница?

-Не. При отварање и уредување на продавницата не се наплаќа. Откако продавницата ќе биде активна, на крајот од секој месец ќе добивате фактура за тековниот месец.

 

Како се оформува цената за интернет продавница?

-Цената на основниот пакет на Грабашоп е 990 денари и во него се вклучени следните модули: Производ, Категорија, Мени, Медиа и Контакт. По потреба можете да закупите од понудените дополнителни модули. Во тој случај цената за веб продавница би била цената на основниот пакет + цените на избраните модули.

 

Која ќе биде мојата интернет адреса или име на доменот?

-Со отварање на интерет продавница добивате бесплатна адреса (subdomain) во формат (ime na vasata firma + .grabashop.com): http://imeNaVasataFirma.grabashop.com
Исто така може вашата интернет продавница да се префрли на Ваш сопствен домен.

 

Модули

 

Дали доколку при креирање на продавницата не изберам дополнителни модули ќе можам да ги купам во иднина?

-Да. Модулите се достапни и можете да ги купите во секој момент. Моментално Грабашоп нуди попуст од 20% на цените за модулите кои се купени при креирањето на продавницата.

 

Што ако имам купено одреден модул но повеќе не ми е потребен?

-Грабашоп нуди можност за манипулирање со модулите во зависност од вашите потреби. Доколку имате купено одпреден модул и истиот не ви е повеќе потребен можете да го откажете во секој момент. Со тоа истиот модул не ви се наплаќа во следната фактура.

 

Што нуди модулот кошничка, дали тој начин се однесува на плаќањето на клиентот со кредитна картичка и дали е вклучена интеграција во наши локални банки?

-Модулот кошничка е основата на електронската продавница. Листата со функционалности започнува од додавање на производите во кошничка, до дефинирање и избирање на начини на плаќање, достава и менаџирање со нарачките. Модулот кошничка ги има имплементирано casys и nestpay системите и во себе има вклучено интеграција со кредитна/дебитна картичка. Моментално поддржани се visa, electron, visa electron, maestro. Покрај плаќање со картичка, модулот кошничка поддржува и плаќање на фактура или дефинирање на Ваш сопствен начин на плаќање пр. плаќање на лице место.

 

Улога на модулот корисник?

-Модулот ’корисник’ овозможува регистрирање на кориници и олеснување при вршење на нарачка, односно не е потребно да се внесуваат постојано податоците кои се потребни за да се изврши нарачката, а воедно и Вие имате база со регистрирани корисници кои можете во иднина да ја искористите за newsletter и други маркетинг цели.

 

Начини на плаќање кои ги нуди модулот кошничка?

Модулот `кошничка` нуди повеќе начини на плаќање и тоа:
-со кредитна/дебитна картичка
-со уплатница
-при достава

 

Кои начини на испорака ги поддржува Грабашоп?

-Грабашоп поддржува 2 начини на испорака - на адреса и од место, но доколку имате потреба постои можност во секој момент да додадете и друг начин на испорака.

 

Дизајн

 

Како да го променам дизајнот на мојата продавница?

-Дизајнот на Вашата продавница можете да го промените преку административниот панел од Вашата продавница. Се што треба да направите е да се најавите во административниот панел и од главното мени, кое се наоѓа на левата страна да изберете на `избери темплејт` (Темплејт -> избери темплејт). Потоа можете да изберете дизајн од палетата со дизајни кои што ги нуди грабашоп.

 

Дали може да да се прават измени на дизајнот?

-Да, можете да правите измени на дизајнот. Грабашоп ви дава целосен пристап до изворните css/html фајлови, со што можете да ги измените истите. На овој начин Вие имате слобода да соработувате со некој од нашите дизајнери или да најмите Ваш дизајнер кој ќе го изработи дизајнот.

 

Дали може да се имплементира дизајн по избор?

-Grabashop Ви нуди можност за изработка на дизајн/изглед на продавницата според Вашите желби и потреби. Се што треба да направите е да не контактирате и да ни посочите каков дизајн сакате за вашата продавница, потоа во соработка со нашите дизајнери ќе се имплементира дизајнот.

 

Дали се наплаќа доколку изберам дизајн по желба?

-Да, за секоја модификација на дизајнот или имплентација на нов дизајн се наплаќа во зависност од комплексноста на дизајнот и времето кое што треба истиот да се имплементира.

 

Управување со продавницата

 

Како податоците за производите се поставуваат и ажурираат на страната?

-За внесување и ажурирање на производи на страната постојат два начини.
Едниот е производите да се внесуваат и ажурираат рачно, а вториот начин е преку импортирање на производите од csv фајл. Импортирањето на производите е доста корисен доколку имате голем број на производи за кои би ви требало премногу време за внесување еден по еден. На овој начин го спремате фајлот со сите производи, го прикачувате на страната и производите ќе бидат внесени за само неколку секунди.

 

Како може да ги активирам или деактивирам модулите?

-Модулите можете да ги деактивирате преку административниот панел на Вашата интерет продавница. Потребно е да се најавите во административниот панел и од главното мени, кое се наоѓа на левата страна да изберете Подесувања -> Подесувања за модулите. Потоа се што треба да направите е да означите кој модул ќе биде активен.

 

Имам многу производи. Дали ажурирањето на цените и на производите може да се автоматизира?

-Да ажурирањето на податоците може да се автоматизира. Грабашоп има изработено клиентска апликација која го врши процесот на синхронизација.