За Нас!

Кога вашиот бизнис ќе биде спремен за новиот вид на трговија, за вас постои едно решение: Grabashop



Grabashop

Што е Grabashop?

Grabashop е флексибилна платформа која може да излезе во пресрет на специфичните барања и потреби на Вашиот бизнис. Исполнувањето на специфичните потреби и барања ќе ви помогне да останете пред конкуренцијата. И токму затоа ние нудиме целосна поддршка за нашиот производ, што воедно значи и целосна поддршка за Вашиот бизнис. Ние не ви нудиме само Интернет продавница.


Grabashop во себе содржи и моќни алатки кои ќе ви овозможат да ја зголемите Вашата продажба. Можности за вирален маркетинг, цени според групи на купувачи, попусти, купони, клуб на верни потрошувачи.


Потоа Grabashop Ви овозможува вие во целост да управувате со вашата продавница: Да додавате нови производи, категории, промоции, хтмл страни и слично.


Има можност позадински да се спрема некоја промоција или некои производи кои не се видливи на сајтот, а потоа со еден клик или почнувајќи од некој предефиниран датум, промоцијата и производите ќе станат достапни за вашите купувачи. Има одлично организирани нивоа на пристап заадминистраторите. Можно е вашите администратори да ги поделите на групи притоа секоја група има засебни привилегии, пример: Внесувачи/уредувачи на производи, уредувачи на акции, уредувачи на ценовници, и слично.

За сето ова ви овозможуваме и снимање на акциите, така што можете во секое време да погледнете кој, кога и што направил.

Со купување или претплатување за Grabashop вие ќе ги добиете сите овие функционалности и ќе ги користите предностите на сите нови функционалности кои нашиот тим ќе ги развива во иднина. Дополнително, ќе имате корист и од нашата одлична поддршка.